Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија топ дестинација за 2014 година

Македонија топ дестинација за 2014 година

Најголемиот туристички печатен водич „Лонли планет“ ја стави Македонија на листата меѓу десетте врвни светски дестинациии кои треба да се посетат во 2014 година.

 Во специјалното издание „Lonely Planet's Best in Travel 2014 - top 10 countries“, Македонија  се опишува како „Враќање во иднината, балкански стил“ и се препорачува покрај главниот град Скопје и Охридското Езеро, да се посетат и ски центарот Маврово, античко Стоби, тивкото Берово, стариот град Кратово со мостови од отоманското време и Тиквешкиот регион со квалитетните винарии.

За македонскиот главен град се вели дека токму во 2014 година треба да заврши „владиното сакано или оспорувано реновирање“. Скопје во овој период, се додава, стана најпосетувана дестинација во Македонија. Нуди добри нови хостели,  винарии и бистроа, како  и најдобра клубска сцена во Југоисточна Европа.

Како врвна дестинација која треба да се посети во наредната година се препорачува Бразил, по што следат Антарктик, Шкотска, Шведска, Малави, Мексико, Сејшелските Острови, Белгија, Македонија и Малезија.

Слично

Поврзани вести