Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија со три соседни држави ќе разменува податоци за тероризам

Македонија со три соседни држави ќе разменува податоци за тероризам

Македонија заедно со три соседни земји ќе се бори против тероризмот.

Нашата земја заедно со Србија, Албанија и Косово ќе ја интензивираат соработката и размената на податоци за борбата против тероризмот и организираниот криминал.

Ова е договорено на денешната регионална конференција што се одржува во Скопје во организација на Бирото за јавна безбедност со посредство на Мисијата на ЕУЛЕКС на Косово. Тероризмот и организираниот криминал претставуваат глобален проблем и закана, беше кажано на настанот.

„Терористичките напади коишто се случија во Франција, Турција и во Германија и кои предизвикаа голем број човечки жртви и огромна материјална штета претставуваат јасни индикатори дека овој феномен мора да се решава на глобално ниво“ - вели шефот на Мисијата на ЕУЛЕКС на Косово, Оливер Хофман.

Додава дека треба да се идентификуваат начините за побрза размена на информации.

За заменик-директорот на Бирото за јавна безбедност Бесир Деари, тероризмот и организираниот криминал се закани кои ги засегаат и државите од Западен Балкан и за кои треба да се воспостават ефикасни механизми за размена на податоци.

„Ова е прва конференција од овој вид. Идејата е секоја земја учесник во иницијативата, по пат на ротација, да организира ваква средба со различни теми на дискусија“ - кажа Деари.

Наредната конференција од ваков тип  на која четирите земји ќе разговараат за теми од организираниот криминал и тероризмот ќе се одржи на Косово.

Во изминатите година дена проблемот со тероризмот како глобална закана се актуелизира.

Нив Европа повеќе напади имаше во Франција и Германија.

Слично

Поврзани вести