Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија со најмала просечна плата, Словенија лидер

Македонија со најмала просечна плата, Словенија лидер

Словенија е на врвот во регионот по висината на платите, а нашата земја е на дното со најмали плати. 

Во однос на претходните години дел од земјите бележат намалување на платите. 

Највисоката просечна плата  според најновите податоци, во изминатата година била во Словенија, 1.020,40 евра, а најниска во Македонија, само 363,80 евра (22.460 денари).

Во Македонија, како најниска во регионот, просечната плата е за 9,20 евра е помала споредбено со крајот на 2015 година и на почетокот на минатата година, или 373 евра.

И покрај тоа што просечната плата во Словенија од 1.020,40 евра, според податоците за октомври лани беше најголема во регионот, сепак, е за 15,2 евра помала во однос на претходната година во Словенија, кога изнесувала 1.035,60 евра.

Просечната плата во Хрватска изнесувала 749,70 евра (5.642 куни), во Црна Гора 503 евра, во Босна и Херцеговина 428 евра и во Србија 369,70 евра.

Намалени се и просечните плати во Босна и Херцеговина за 2,5 евра и Хрватска за 12,3 евра.

Со години наназад Македонија е на најлошата позиција кога се во прашање платите. 



Слично

Поврзани вести