Македонија со 50 милиони евра разлика во увозот и извозот на лекови
Минатата година увозот на лекови во Македонија бил 152.5 милиони долари, додека извозот изнесувал 103,7 милиони долари, објави World's top exports.
Според увозот, Македонија е 115-та во светот за 2019 а во однос на една година претходно зголемувањето на обемот е само за 0,04 отсто.
Ако се спореди со тој на светско ниво, увозот е зголемен за 3,8 проценти и изнесува 421,5 милијарди долари.
Пет најголеми увозници на лекови во светот во 2019 година се САД (78,8 милијарди долари), Германија (30,8 милијарди долари), Белгија (24 милијарди долари), Кина (21,5 милијарди долари) и Швајцарија (21,2 милијарди долари).
Слично
