Македонија со 400 милиони евра повеќе девизини резерви
Народна банка на РСМ објави дека На крајот на декември 2019 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 3.262 милијарди евра.
Во однос на претходниот месец тие бележат зголемување од 21,1 милион евра. Анализирано по финансиски инструменти, најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (77,2 отсто) по што следуваат валутите и депозитите (13,4 отсто) и монетарното злато (9,3 отсто).
Претходната година 2018 беше завршена со девизни резерви во вредност од 2.867 милијарди евра.
Слично
