Македонија скокна за пет позиции на листата на „Форбс“
Американскиот економски магазин „Форбс“ на својот најнов извештај за најдобри земји за бизнис ја рангираше Македонија на високата 31 позиција во конкуренција од 146 држави.
Со тоа земјава се искачи за дури пет позиции во однос на ланскиот извештај што пак е показател дека во земјава владее добра бизнис клима.
Правото на сопственост, иновациите, даноците, технологијата, корупцијата, слободата, бирократијата, заштитата на инвеститорите и работата на берзата се дел од единаесетте критериуми според кои е изработена најновата листа за земји со најдобра бизнис клима.
На најновата листа на „Форбс“ високото прво место и припадна на Данска.
Меѓу првите 25 на ранг листата најмногу се застапени европските земји, додека САД се на 18то место.
Непосакувани држави за бизнис се Ангола, Венецуела, Јемен, Гамбија и Алжир.
Од земјите во регионот, подобро рангирана од Македонија е само Словенија која се наоѓа на 14-то место.
Слично
