Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија се задолжи на меѓународниот пазар, ова е сумата и каматата

Македонија се задолжи на меѓународниот пазар, ова е сумата и каматата

Македонија се задолжи на меѓународниот пазар преку  еврообврзница вредна седумстотини милиони евра. 

Каматата е 3.675 отсто, дознава Фактор. 

Парите ќе ги враќаме во рок од 6 години. 

Целата опреција ја водат финансиските институции Сити (БиД), Дојче банк, Ерсте груп и ЈП Морган.

Инаку вчера министерката за финансии Нина Ангеловска, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска имале видео презентација со заинтересираните инвесттори. На неа учествувале и други претставници од двете институции. Таа се прави наместо стандардното роуд шоу што се одржува пред издавањето на еврообврзниците што сега беше невозможно да се одржи. 

Македонија има рејтинг ББ минус стабилен според Стандард и Пурс и ББ Плус со негативни изгледи според Фитч. 

Слично

Поврзани вести