Македонија се задолжи со камата од над 5 отсто!
Камата од 5,125 отсто, 270 милиони евра со рок на достасување од 5 години . Со овие услови е издадена новата еврообврзница.
Оваа камата од над 5 отсто е повисока од очекуваното, со оглед дека лани каматата беше под 4 отсто.
Инаку, 150 милиони евра од овие 270 милиони ќе одат за раздолжување на достасаната еврообврзница, 20 милиони за кризата со бегалците, а со 100 милиони во првото полугодие следната година ќе се покрива дефицитот во буџетот.
Првично министерството за финансии најави еврообврзница во висина од 500 милиони евра и на 10 години, но се премисли.
Владата, во улога на агенти на државата, веќе ги ангажираше трите банки: Сити груп, Дојче банк и Ерсте банк да го спроведат процесот на издавање на Еврообврзницата. Таа ќе котира и со неа ќе се тргува на Ирската берза на хартии од вредност.
Слично
