Македонија се задолжи двојно повеќе од планираното
Државата денеска се задолжи на домашниот пазар, но двојно повеќе од она што беше планирано. Наместо предвидениот заем од 15,44 милиони евра, долгот сега ќе биде поголем за 30 953 милиони евра.
Домашните кредитори биле најзаинтересирани за едногодишните записи, па за нив побарувачката била 9 пати поголема.
За 15 годишни обврзници државата побара 520.325 евра, но собра 3,138 милиони евра.
Понудата била и речиси двојно поголема за 10-годишни обврзници, па од понудените 1,9 милиони евра, дражавата позајми 3,345 милиони евра.
За новото задолжување вчера реагираше и дополнителниот министер за финансии Кире Наумов кој ги предупреди банките, пензиските друштва и осигурителните копмании да внимаваат при купувањето на обврзници. Тој потенцираше дека државнити хартии од вредност што немаат согласност од него ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување.
Во пресрет на денешното задолжување, Македонија утре по основ на доспеани долгови државата треба да врати 15,447 милиони евра.
