Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија се тресе: Недела на политички земјотреси!

Македонија се тресе: Недела на политички земјотреси!
Македонија се тресе. И од земјотреси и од политички катастрофи. Избори дефинитивно нема да има на 5 јуни, аболицијата е неизвесна, а договорот од Пржино е во кома. Неделава што изминува ја одбележаа настани што со фудбалски речник кажано беа како гол во 93 минута. Понеделник Официјално почна изборната кампања, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се  единствената опција на изборите без избор. Партијата дури и најави дека ја почнува кампањата со директна комуникација со граѓаните. Лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Груевски изрази подготвеност, веднаш по конституирањето на Парламентот да ги прогласи за неважечки изборите на 5 јуни и во рок до 60 дена да се распишат нови на кои ќе учествуваат повеќе политички партии а на граѓаните ќе им се даде шанса да изберат. Истиот ден спикерот Трајко Вељаноски од Рим порача дека не може да го свика Собранието бидејќи нема уставни можности. veljanoski sobranie - Jас немам уставни можности да свикам седница на распуштено Собрание. Тоа е основото правило на еден уставен и правен поредок на која било држава вклучувајќи и ја и Република Македонија, изјави Вељановски. Дојде абер и од Брисел. Од таму порачаа дека Европската Комисија нема да ги признае резултатите од изборите на 5 јуни, што значи ниту владата што ќе биде тогаш избрана. Не се исполнети ниту минимум услови за фер и веродостојни избори, според Договорот од Пржино, изјави портпаролот на Европската Комисија Маја Коцијанчиќ. Вторник Вест на денот е дека Уставниот суд за седницата в среда го сменил дневниот ред и ќе расправа за одлуката за самораспуштање на Собранието. ustaven sud Иницијативата ја поднесе ДУИ и експресно беше ставена за разгледување пред уставните судии. Среда Уставниот суд ги запре сите дејствија што произлегуваат од Одлуката за распуштање на Собранието, вклучувајќи ја Одлуката за распишување избори на петти јуни и изборните дејствија што ги презема Државната изборна комисија. Уставниот суд едногласно одлучи да поведе постапка за испитување на уставноста на Собраниската одлука и истовремено, изрече времена мерка која ќе важи до конечната одлука. Претседателката на Судот даде повеќе политичка, отколку правно аргументирана изјава. -Судот треба да одлучува за ова прашање, со оглед на состојбата во која се наоѓа државата, кога одредени државни органи се во функционална блокада и кога не се гледа друга разрешница на политичката криза, рече претседателката Елена Гошева. Претседателот на Собранието Трајко Вељановски го свика Парламентот и закажа седница. Со 96 гласови „за“ и ниту еден воздржан и против, Собранието едногласно ги усвои измените на Изборниот законик со кои се предвидува бришење на датумот за одржување предвремени парламентарни избори. ji-1_1_0 Во посета на Македонија е Хојт Брајан Ји, помошник заменик државен секретар на САД, кој упати јасна порака на средбите со партиските лидери и претседателот Иванов. Целосно повлекување на аболицијата, а не делумно е единствен начин да се поправи штетата што е нанесена на кредбилитетот на Македонија и ќе овозможи излез од политичката криза. Оливер Спасовски, Фросина Ременски и замениците министри од СДСМ повеќе не се Владата на премиерот Емил Димитриев. Условна затворска казна доби демонстрант кој учествуваше на протестите против аболицијата од претседателот Ѓорѓе Иванов. Четврток Чавков влезе, Спасовски излезе од МВР. За добредојде и пријатно, двајцата се поздравија, па тој момент дури и го овековечија со фотографија. spasov -cavkov Германскиот пратеник Јоханес Хајндл е на средби со политичкиот врв. Собранието експресно, без дебата ги изгласа измените и дополнувањата на четири Закони, меѓу кои и Законот за помилување, со кои на претседателот на државата му се овозможува да ја повлече аболицијата за оние лица кои тоа ќе го побараат од него. Петок Одложувањето на изборите и враќањето во парламентот  за меѓународната заедница се чекор напред, но расте  загриженоста и сомневањето  дека ќе се спроведат реформите за да се организираат кредибилни избори според Договорот од Пржино. sarena revolucija protiv fikus abolicija Кривичниот суд изрече уште две условни казни за демонстрантите од Шарената револуција. Сабота Министерот за внатрешни работи Митко Чавков ги врати на раководни позиции во МВР сите функционери кои министерот од СДСМ Оливер Спасовски претходно ги разреши. Меѓу нив е и командирот на единицата Алфи,Ивица Анчевски викан Пуки, кој беше осомничен од специјалното обвинителство за случајот Тортура за апсењето на Љубе Бошкоски и доби аболиција од Претседателот Иванов. ljube_boskoski_apsenje Дождот не престанува, Шарената револуција и денеска протестираше. Македонија ја тресат земјотреси. Вкупно четири само во овој ден. М.Ј.    
Слично

Поврзани вести