Македонија се раздолжи кај ММФ
Македонија ја плати последната рата од 174 милиони долари на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и го исплати кредитот од 312 милиони долари земен во 2011 година, соопшти денеска министерот за финансии Зоран Ставрески.
Министерот рече дека парите се вратени предвреме со средствата од девизните резерви, а со тоа се заштедиле околу 5 милиони евра на камати и каматни разлики.
Тој вели дека последната оценка на кредитната агенција Фич, поврдува дека Македонија ја задржала оценката од ББ плус со стабилни изгледи и умерено ниво за задолженост.
Заклучно со јануари, јавниот долг на земјава изнесува 43,9 отсто од БДП, а претходно преку Уставни измени, Владата предложи ограничување на јавниот долг до максимални 60 отсто.
Слично
