Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија се разбуди со минусни температури-Какво време не чека неделава?

Македонија се разбуди со минусни температури-Какво време не чека неделава?

Најранобудните и оние кои рано тргнаа на работа ги почуствуваа прилично ниските температури кои на места се движеа од 0°С а до о -7.4°С е измерена во Берово.

Во табелата може да погледнете какви температури беа измерени утрово ширум земјава:

min_temp_2-11-2015

Радувајте се и неделава на есенското време кое ќе се задржи бидејќи сонцето повторно ќе не дружи.

Заборавете на врнежите од понеделник до петок бидејќи ни претстои ведро време со минимална облачност, без магла во утринските и доцни часови со зголемена утринска температура која ќе се движи од 0°С до 5°С, а на повисоките места и малку под 0°С.

Во текот на деновите кои се пред нас се очекуваат дневни максимални температури од  околу 20°С долж повардарието, додека околу гевгелискиот предел се најавуваат околу 22°С. Малку постудено и пониски температури од 15°с до 17°С се очекуваат во западот.

Слично

Поврзани вести