Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија се разбуди под снежна покривка-Еве какво ќе биде времето!

Македонија се разбуди под снежна покривка-Еве какво ќе биде времето!

Снежна покривка утрово ги разбуди граѓаните. К.Паланка, Страцин, Куманово, П.Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Крушево, Кичево, Буково, Ѓавато, Павлешенци, Кочани, Делчево, Смојмирово и Струмица се под снег.

Минусни температури и снег.

Во крајниот запад се очекуваат обилни врнежи и 25 сантиметри снежна покривка. Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од минус два до четири степени целзиусови.

Варнежи од снег се очекуваат и во Скопје каде денвната температура ќе достигне максимално три степени.

Во следните денови Управата за хидрометеролошки работи најавува променливо облачно време со повремени врнежи од врнежи од дожд со променлив интензитет. Повремено интензитетот на врнежите ќе биде обилен. На некои повисоки места и на планините ќе има врнежи од снег. Стабилизирање на времето се очекува од петок.

Сообраќајот на сите патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.

Слично

Поврзани вести