Македонија се приклучи во меѓународната коалиција за борба против Исламската држава!
Македонија е една од 40-тината земји и организации во светот кои позитивно одговориле на барањето на САД и ќе се приклучат кон меѓународната коалиција за борба против радикалната Исламска држава во Ирак и Сирија.
Коалицијата која ја најави американскиот претседател Барак Обама веќе ја сочинуваат држави и организации, а освен Македонија во неа се и: Албанија, Арапската Лига, Андора, Австралија, Австрија, Бахреин, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Канада, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Египет, Естонија, Европска унија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Ирак, Јапонија, Јордан, Косово, Кувајт, Либан, Литванија, Луксембург, Малта, Црна Гора, Молдавија, Мароко, НАТО, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Оман, Полска, Португалија, Катар, Јужна Кореја, Романија, Саудиска Арабија, Србија, Словачка, Шпанија, Шведска, Турција, Украина, Обединетите Арапски Емирати и Обединетото Кралство, објави американскиот Стејт департмент.
Во соопштението се наведува дека овие земји се согласиле „во некое својство“ да и помогнат на борбата против Исламската држава.
Македонските власти засега официјално не објавиле дека е донесена одлука за приклучување на Македонија кон коалицијата. Од македонското Министерство за надворешни работи за Фактор велат дека ќе го проверат податокот кога ваква одлука била донесена, иако неспорно е дека Македонија и досега била дел од силите за борба против тероризмот. Засега не се објавува каков ќе биде ангажманот на Македонија во новата коалиција.
Имињата на земјите кои учествуваат во коалицијата формирана на повик на американскиот претседател Барак Обама досега не се откриваа, но американскиот Стејт департмент ги обелодени викендов.
Списокот веќе стигна и во рацете на џихадистите од т.н. Исламска држава, кои се заканија со ликвидација на граѓаните од сите земји кои се дел од коалицијата против нив. Организацијата Исламска држава денеска ги повика своите приврзаници секогаш кога ќе им се укаже можност да убиваат „Французи, Австралијанци, Канаѓани или државјани од сите земји кои се дел од меѓународната коалиција против Исламската држава“.
Ова е списокот објавен од американскиот Стејтдепартмент:
Билјана Арсовска
Билјана Арсовска
Слично
