Македонија сè повеќе крие како се трошат парите на граѓаните
Македонија уште еднаш се најде меѓу најлошо рангираните земји и на нова ранг листа.
Според тоа колку граѓаните се информирани за трошењето на буџетските пари, Македонија е рангирана полошо и од Авганистан, Руанда и Конго.
Ваква оценка ни додели непрофитната организација Интернешнл Буџет Партнершип (IBP) со седиште во Вашингтон.
Индексот за транспарентноста во трошењето на јавните пари за Македонија изнесува 38 од можни 100 бодови. Ако се земе во предвит дека овој индекс во истражувањето од 2008 година изнесуваше 54 бодови, се покажува дека државата се повеќе крие како ги троши парите на граѓаните.
Македонија има најлоша оценка и во делот на учество на јавноста во подготовка на буџетот, за што е оценета со 6 бодови.
Слично
