Македонија руши светски рекорди во загаденост на воздухот
Македонски градови се најдоја на топ листите за најзагени градови во Европа и Светот.
Тетово е прогласен за лидер со најзагаден воздух во светот, говорат податоците на светската интернет страница Нумбео, која се занимава со квалитетот на животот.
Веднаш после него најзагаден град е Каиро, кој има скоро 8 милиони жители.
Според табелата на Нумбео, просечната дневна концетрација на ПМ 10 честички во воздухот во Тетово изнесуваат 186 микрограми на метар кубен. Тоа е за речиси 4 пати повеќе од дозволената вредност.
Од Центарот за јавно здравје Тетово алармираат дека вредноста на штетните материи ќе се зголемат, со промена на климата во наредниот период, во кој ќе преовладува облачно и магловито време.
Тетовчани и оваа зима ќе се гушат во загаден воздух, бидејќи надлежните го преспаа и ова лето и не се презедоа никакви мерки за решавање на овој проблем.
Од општината ветија дека ќе се спроведе посебен сообраќаен режим за тешките товарни возила чија крајна дестинација не е град Тетово, со цел користење на споредните улици надвор од централното градско подрачје.
Но, тоа нема да го реши проблемот, ако се земе во предвид масовниот загадувач „Југохром” кој се уште ги труе тетовчани.
Главнот град пак, се најде на трето место по загаденост во Европа. Во моментов во Скопје ма 2,5 пати повеќе ситна прашина ПМ-10 од максималната дозволена граница.
Зимава, иста мака ќе мачат и битолчани со најголемата електрана „РЕК”.

