МАКЕДОНИЈА РЕКОРДЕР ВО СОЦИЈАЛНА НЕЕДНАКВОСТ: Како живеат богатите, како сиромашните?
Во декември лани
синдикалната кошница изнесувала 32.102 денари.Толку пари му биле потребни на
едно четеричлено семејство за да го истурка месецот. Најмногу пари или 13.175
денари се трошеле за храна и пијалоци и за комунални трошоци, покуќнина,
одржување на домот над близу десет и пол илјади денари. Со 2,11 отсто во синдикалната
кошница учествуваат трошоците за одржување на здравје.
|
Елементи кои ја формираат вредноста на минималната синдикална кошница |
Meсец 12 2016 |
% учество структура |
|
|
Исхрана и пијалоци |
13.174,94 |
41,04 |
|
|
Домување |
10.454,77 |
32,57 |
|
|
Хигиена |
2.249,65 |
7,01 |
|
|
Превоз |
2.339,98 |
7,29 |
|
|
Облека и обувки |
2.133,87 |
6,65 |
|
|
Култура |
1.070,00 |
3,33 |
|
|
Одржување на здравје |
678,90 |
2,11 |
|
|
Вкупно: |
32.102,11 |
100,00 |
Од друга страна, според последните податоци од Државниот завод за статистика просечната нето плата во номеври лани изнесувала од 22.380 денари. Тоа значи дека ако едно семејство живее само една просечна плата, со оглед на тоа дека ноемвриската плата вообичаено се исплаќа во месец декември, тогаш за да ги подмири месечните потреби, му недостасуваат 9.722 денари.Статистичките податоци покажуваат дека 1.4% од вработените во месец ноември лани не земале плата.
Голема нееднаквост меѓу богатите и сиромашните
Според најновата побликација на Државниот завод за статистика, „Анкета за приходи и услови на живеење“, дури 56,8 отсто се изјасниле дека многу тешко или тешко живеат со вкупните месечни приходи.Од нив 30 отсто изјавиле дека живеат многу тешко, а 26,8 отсто тешко со месечните приходи.29,9 отсто изјавиле дека со месечните примања живеат со извесни тешкотии, 3,6 отсто се изјасниле дека лесно ги задоволуваат потребите, а само 0,7 отсто дека многу лесно ги покриваат потребите во месецот со вкупните приходи.
Домаќинствата со плати од вработување месечно во 2015 година располагале со 260 евра.Со тоа што домаќинствата од руралните средни имале месечен приход од вработување од 219 евра, а оние во урбаните средини 290 евра.По категории, во т.н петти квинтил припаѓаат лицата со највисоки приходи годишни приходи, а во првиот т.н квинтил се прикажани лицата со најниски приходи по основ на плати од вработеност, самовработеност, пензии, имот, социјални трансфери. Ако се направи споредеба во однос на расположливите приходи од плати од вработеност кај лицата од петтиот т.н квинтил, нивините годишни приходи од вработеност изнесуваат 6.749 евра или 562 евра месечно. Кај лицата од првиот т.н квинтил односно оние со најниски приходи, годишниот приход од плати од вработеност изнесува 658 евра или 54 евра месечно. Токму овие податоци укажуваат на големата социјална разлика помеѓу македонските домаќинства. Според последните т.н Лаекен индикатори за сиромаштија што ги изработува ДЗС, џини индексот односно јазот помеѓу богатите и сиромашните изнесува 33,7 отсто, што според дел од економистите е загрижувачка стапка.
„Македонија е рекордер во социјалната нееднаквост и сиромаштијата во Европа.Новата Влада што ќе дојде ќе треба да се справи со овие проблеми , но и кога ќе се одлучи на тоа, мора да биде свесна дека тоа нема да оди брзо и лесно .Ќе има големи внатрешни отпори кон овие промени.Тоа се оние скриени богаташи оние луѓе што седат во сенка чии што интереси би биле загрозени од политките и тие ќе дваат отпор кон менувањето на политиките“, вели Бранимир Јовановиќ од Институт за општествени и хуманистички науки.
Решението за намалувањето на јазот меѓу богатите и сиромашните дел од економистите го лоцираат во промена на даночниот систем. Порачуваат дека е потребно напуштање на рамниот данок и воведување на прогресивен данок, односно богатите да плаќаат повеќе од сиромашните.
„Ние имаме систем на рамни даноци кои што им оди во прилог на богатите и тој систме мора да се смени. Мора да се намалат даноците за сиромашните, а да се зголемат даноците на побогатите.Особено е важно да се воведе прогресивен данок и на добивка не само на доход. Во Македонија добивката е повисока од приходите на луѓето и затоа е потребно да се воведе прогресивен данок на добивка, односно да се земе од пари од големите монополски или олигополски компании и тие пари да се инвестираат во инфраструктура, во здравство во образование. Исто така потребно е да се зголемат работничките права. Македонија има многу ниски работнички права едни од најниските во Европа. Но исто така мора да се трошат повеќе пари на социјални програми на социјални политики“, вели Јовановиќ.
Според последните статистички податоци, стапката на сиромаштија во 2015 година 21,5 отсто или 0,6 процентни поенипомалку од претходната 2014 година. Но и натаму 445.200 луѓе живеат на прагот на сиромаштијата. Најдолбока е стапката на сиромаштија кај многогудетните домаќинства 52,2 отсто и кај самохраните родители 23,4 отсто.
Т.С
