Македонија размислува да гради гранична ограда во унгарски стил
Министерот за надворешни работи Никола Поповски, изјави дека Македонија не ја исклучува можноста за изградба на ограда долж границата за да го запре приливот од мигрантите. Ова го изјавил министерот во интервју за унгарскиот бизнис неделник ,,Фигуело”.
„Ако земеме сериозно што бара од нас Европа, и ние ќе треба да го сториме тоа исто така. Или војници, или ограда, или комбинација од двете“, изјавил Попоски.
Поповски изјавил дека Македонија правела се што може за да ги регистрира сите мигранти, но сепак најверојатно ќе требало да воспоставу ,,некој вид физичка одбрана’’.
Инаку, Унгарија веќе изгради гранична ограда висока 3,5 метри и долга 175 километри, долж границата со Србија.
Овој потег беше мошне критикуван од страна на Германија и Франција.
Германскиот министер на пример, Михаел Рот за истиот весник изјавил дека очекува земјите да ги регистрираат бегалците што влегуваат во нивните земји, но не жичните огради не биле соодветен пристап.
Слично
