Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија рангирана на 29 место за странско инвестирање во светот

Македонија рангирана на 29 место за странско инвестирање во светот
Американското списание Форин Полиси во новата листа  Македонија ја рангираше на 29 место за странски инвестиции во светот. Во однос на анализата од претходната година Македонија напреднала за 5 места. Индексот ги оценува државите според осум категории: предвидениот економски раст, финансиската стабилност, општата безбедност на земјата, нивото на корупција, опасноста од одземање на имотот од страна на државата, експлоатација од локалните партнери, контрола врз текот на капиталот и валутната стапка. Според Форин Полиси, Македонија и Бугарија се водечки дестинации за странски инвестиции на Балканот, додека Грција која е пласирана на 101 место, е една од најлошите дестинации во регионот. Романија е на 48 место, Србија на 55 место, Словенија е 74, а Турција, поради политичката криза, падна на 79 место.
Слично

Поврзани вести