МАКЕДОНИЈА РАЈ ЗА БОГАТИТЕ: 1 отсто од најбогатите заработуваат 14 отсто од сите приходи во државата
Поради фактот дека во Македонија е на сила пропорционален данок на доход, богаташите во земјава стануваат се побогати, вели екс министерот за финансии Никола Поповски.
Стапката од 10 отсто важи за сите, без разлика на приходите. Затоа и не чуди што само во Македонија само еден отсто од најбогатите заработува 14,4 отсто од сите приходи во државата. Тоа, според зборовите на Поповски го нема никаде во Европа.
Веќе некое време се разгледува воведување на три стапки данок од 10, 15 и 18 отсто , каде другите две би важеле за данок на доход, а првата на данок на капитални добивки.
„Од воведување на данок на доход по пропорционална основа државата годишно губела 40 милиони долари“, тврди Поповски.
Слично
