Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНИЈА ПРВА ОД БАЛКАНОТ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС: А како изгледа целосната листа на „Дуинг бизнис“ ?

МАКЕДОНИЈА ПРВА ОД БАЛКАНОТ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС: А како изгледа целосната листа на „Дуинг бизнис“ ?

Македонија ја имаше честа да се најде на 12 место, или највисоко рангирана земја од регионот.

Соседна Бугарија е рангирана на 38-мо место или трета од Балканските земји во рангирањето на Светската банка за земји во кои е лесно да се води бизнис.

Романија го зазеде второто место и се нареди после Македнија, а после Бугарија од балканските држави се најде само Хрватска на 40-та позиција.

На прво место со најмногу пријателски расположени кон бизнисот регулативи на економијата е Сингапур.

Општо земено рангирањето и оваа година останува без значителни промени, со исклучок на првите 20 позиции. Од нив 18 економии остануваат во првите места, а две други успеваат да влезат за прв пат - Македонија и Литванија, која го зезеде 20-то место.

На последните места како поволни за бизнис држави се рангираат Јужен Судан (187-то место), Либија (188-та) и Еритреја (189-та).

Банкарите пресметале дека Македонија особено успех покажува во неколку сектори што го олеснуваат водењето бизнис.

Земјата е второ рангирана во областа за започнување бизнис. Тоа според извештајот се должи на поедноставувањето на процедурите преку задолжителна онлајн регистрација. Во категоријата „плаќање даноци“ Македонија  е на седмо место. Сепак, прилично низок ранг Македонија покажува во категоријата „издавање градежни дозволи“, каде се наоѓа на 50-то место.

Во извештајот се анализира рамката, која ја налагаат регулативите за бизнисот на малите и средни претпријатија односно условите во кои тие можат да започнат дејност.

Сепак извештајот Дуинг Бизнис не ги мери сите аспекти на деловното опкружување што им се важни на фирмите и на инвеститорите, како што се квалитетот на фискалното управување, другите аспекти на макроекономската стабилност, потоа корупцијата, можноста за учетсво и добивање на јавните тендери и слично!

Бугарија е наведена како пример во однос на контрола на квалитетот пред почеток на градба.  Покрај неа во овој простор влегуваат Австралија, Босна и Херцеговина, Франција, Германија, Хонг Конг, Јужна Африка, Кина, Латвија, Либан, Малдиви, Црна Гора, Србија, Сингапур и Шпанија.

Слично

Поврзани вести