Македонија прогласи вонредна состојба на границите поради бегалците
Македонската влада прогласи вонредна состојба на јужната и северната граница на земјата.
Мерката е донесена поради огромниот бегалски притисок на граѓаните од Блискиот Исток.
Властите создадоа посебен орган кој ќе ја координира работата на одделни државни институции поврзани со илегалните имигранти, кои имаат намера да влезат на територијата на Македонија од соседна Грција. Координативниот центар има за задача да нуди многу брзи анализи и решенија за изнаоѓање и излез од ситуацијата.
Последните денови од соседна Грција организирано пристигнуваат по неколку илјади луѓе. Сите тие се депортираат недалеку од граничниот премин кај градот Гевгелија со автобуси. Во последните два месеци од таму влегле над 40 000 лица, главно од Сирија, Ирак и Авганистан. Меѓу бегалците има и луѓе од Африка.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека кризната состојба, што се однесува за јужната и северната граница, ќе има за цел поефикасна контрола и намалување на нелегалниот премин на границата со Грција. Во заштитата на редот е вклучена и армијата на Република Македонија.
„Таа има за цел да ја гарантира безбедноста и спокојството на локалното население и да го организира земањето на лицата кои побарале засолниште во Македонија“, изјави на прес-конференција за вонредната состојба портпаролот на МВР Иво Котевски.
Тој соопшти дека мерката за прогласување на вонредна состојба е дадена за време на вчерашната седница на Владата и во најскоро време ќе биде формиран специјален штаб во Центарот за управување со кризи.
Според македонското законодавство секој кој поднел барање за добивање на статус на бегалец има право на престој до 72 часа во Македонија, вклучувајќи го и правото да го користи јавниот и меѓуградскиот превоз. Во изминатото деноноќие положбата на Централната железничка станица во Гевгелија нагло се влоши, а од државните железници веќе соопштија дека немаат капацитет за евакуација на илјадниците бегалци.
