Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија продолжува во болна рецесија - БДП лани падна за 4,5 отсто, минус има и во четвртиот квартал

Македонија продолжува во болна рецесија - БДП лани падна за 4,5 отсто, минус има и во четвртиот квартал

Продолжува рецесијата во македонската економија. 

И во чертвртиот квартал бруто домашниот производ бил во негативната зона, остварувајќи сепак поблаг пад од 0,7 отсто.

За цела 2020 година, пак, економијата на земјава паднала за 4,5 проценти. 

Ова значи дека Владата, во својата последна проекција за економијата, односно во октомври кога го донесе ребалансот на буџетот, ептен ја погодила проекцијата, бидејќи таа тогаш предвиде дека БДП минатата година ќе падфне за 4,4 отсто. 

Најголем пад од 10 отсто имало рударството и вадењето на камен, преработувачка индустрија, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината. 

Од овој сектор, само кај преработувачката индустрија, падот лани изнесува 10,6 проценти.

Огромен пад од 7,9 отсто има трговијата на големо и трговијата на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Пад има и кај градежништвото, од 2,1 процент, што значи дека овој сектор сепак не бил толку погоден како рударството, индуистријата и трговијата.

Дејности со раст се земјоделството, со позитива од 1,7 отсто, дејностите кај недвижниот имот пораснале за 1 отсто, а за 0,4 отсто порасднале уметноста, рекреацијата и забавата.

Инаку, лани позитивен бил само првиот квартал, со минорен раст од 0,9 отсто, во вториот квартал падот е најголем, 14,9 проценти, во третиот квартал падот беше 3,3 проценти. 

Кога во два квартали едноподруго има минус кај БДП, таа земја се наоѓа во рецесија. 

Инаку, гледано според расходниот метод, финалната потрошувачка паднала за 2,8 отсто, со тоа што финалната потрошувачка кај домаќинствата паднала за 5,6 отсто, додека јавната потрошувачка има раст од 10,1 отсто.

Она што најмногуи загрижува е падот на бруто-инвестициите, за 10,2 отсто, кај извозот има пад од 10,9 отсто, а увозот е во минус од 10,5 отсто. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести