Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија претставена во Москва, се привлекуваат руски туристи

Македонија претставена во Москва, се привлекуваат руски туристи
Изминативе четири дена македонските туристички потенцијали беа претставени на меѓународниот Саем за туризам во Москва. Како главен адут македонските претставници ги покажуваа можностите кои ги нуди рекреативниот, духовниот, бањскиот, планинскиот и рурален туризам. Како дел од Саемот на македонскиот штанд се претставија туристичките агенции „Бадем турс“ и „Карачи турс“ при што била остварена соработка со неколку руски тур-оператори. Учеството на ивој саем е дел од ангажманот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот,која е организатор на претставувањето, како и на Асоцијацијата на хотелиери ХОТАМ . Саемот за туризам во руската престолнина годинава го посетиле околу 8о илјади луѓе,  1800 компании и туристички организации.
Слично

Поврзани вести