Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија преставена на саемот за туризам во Гетеборг

Македонија преставена на саемот за туризам во Гетеборг
По трет пат Македонија ги претставува своите туристички потенцијали на водечката саемска туристичка манифестација во Скандинавија - ТУР 2014 во Гетеборг, која беше отворена вчера и ќе трае до 23 март. На годинашниов саем, учествуваат преку 500 излагачи, агенции, туроператори и претпријатија од турситичкиот сектор, од преку 90 земји во светот. Се очекува ТУР годинава да го посетат над 30.000 посетители. Штандот на Република Македонија, кој го подготви Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, вчера го посетија голем број новинари од водечките шведски весници, меѓу кои, „Свенска дагбладет“ и „Дагенс нихетер“, како и едно од најтиражните списанија од областа на туризмот и патувањата: „Вагабунд“ и популраниот туристички сајт ресегуиден.се. - Остваривме контакт и со Агенцијата на шведските туроператори, но и со туристички агенции од соседните скандинавски земји, вели Мирјана Наумовска, економски промотор на Република Македонија во Шведска и Финска. Денеска на македонскиот штанд на ТУР се одржува македонски ден со кулинарски специјалитети и вино и со настап на членови, фолколористи и музичари од Македонското друштво „Гоце Делчев“ во Гетеборг. Во изминатиот период Македонија добива запазено место во медиумските известувања во Скандинавија посветени на туристичката промоција. Скопје лани се искачи високо на листата на популарни туристички дестинации меѓу Швеѓаните, кои во текот на 2013 година пребарувале двојно повеќе патувања за Скопје во споредба со 2012 година. Тоа го покажуваат сумираните податоци на популарниот туристички сајт „Skyscanners“.  
Слично

Поврзани вести