Македонија предпоследна со брзина на интернет на мобилните телефони
Notel Poland, развивач на апликацијата RFBenchmark, која ја мери јачината на сигналот и брзината на интернетот на мобилните телефони, вчера објави извештај за брзините на мобилниот интернет во Европа во 2018-та. Врз основа на кориснички мерења преку апликацијата RFBenchmark, Франција се рангираше на прво место со просечна брзина на превземање на податоци во 2018 година . Резултатот беше 20,3 мегабајти по секунда. Австрија е на второ место со 19,4 Mbps и Португалија трета со 18,9 Mbps.
Украина (5,9 Mbps), Македонија (8,6 Mbps) и Белорусија (10,2 Mbps) повторно ги зазедоа последните позиции. Ова се земјите кои имаат постојан проблем со обезбедување на висококвалитетни мобилни услуги на своите граѓани.
Шпанија постигна најдобар резултат во Европа во категоријата просечна брзина на испраќање податоци, односно аплоудирање (9.9 Mbps). Австрија се рангираше на второ место со 9,87 Mbps. Белгија и Холандија (9,84 Mbps) се на трето место.
Украина падна на најниска позиција во брзината на испраќање податоци со 2,58 Mbps. Македонија е претпоследна со затекнатисо 2,6 Mbps, а Црна Гора забележа 2,9 Mbps.
RFBenchmark платформата им овозможува на корисниците да го проверат квалитетот на услугите што ги обезбедуваат операторите на мобилни мрежи преку пристап до резултатите од мерењата извршени за време на независни тестови (тест-тестови), како и користење на бесплатна апликација со учество на сите кои одлучиле за поддршка на проектот со инсталирање на апликацијата и објавување на нивните резултати јавно.
