Македонија повторно исправена пред политичка криза
Македонија повторно се соочува со политичка криза откако најголемата опозициска политичка партија - (СДСМ) се повлече од преговорите помеѓу четирите парламентарно претставени партии.
Повлекувањето од учеството во преговорите беше донесено, откако Советот на обвинителите одби да го прифати предложениот состав на специјалниот обвинител Катица Јанева.
Со денешното решение на советот ние сме сведоци на кршењето на договорот од 15-ти јули, што беше постигнат помеѓу политичките партии, изјави Јанева и нагласи дека продолжува да се бори за предложените имиња за нејзиниот тим.
Од СДСМ најавија дека се собираат на седница на партијата на која ќе биде донесена одлука како ќе постапуваат после денешните настани.
Потсетуваме дека на 15-ти јули четворицата лидери - Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА се договорија во земјата да биде избран Специјален обвинител, кој ќе ги испита сите корупциски скандали, да биде изгласан новиот изборен закон, да биде составена преодна влада пред одржувањето на предвремените парламентарни избори во април следната година.
Практично до денес ниту една точка од договорот од 15-ти јули не е извршена целосно.
Утре се очекува во Скопје да пристигне европратеникот Иво Вајгл кој ќе учествува како посредник во решавањето на политичката криза во земјава.
