Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија победна и од Пакистан

Македонија победна и од Пакистан
Македонија е 12. најмизерна земја од вкупно 108 држави во светот според најновата листа на институтот Като. Единствено Србија, која е на 8. место, е полошо рангирана од Македонија во однос на земјите од регионот. Најмизерни услови за живот се во Венецуела, покажува извештајот што е објавен на страницата на институтот Като. „Секоја земја има за цел да ја намали инфлацијата, невработеноста и каматните стапки, а од друга страна да го зголеми БДП по глава на жител. Преку едноставен збир на на трите параметри и со одземање на годишниот раст на БДП се изработува индексот на бедата“, стои во извештајот. На листата ги нема оние држави кои не ги објавиле потребните податоци. По прворангираната Венецуела, следат Аргентина, Сирија, Украина и Иран, додека најдолу на листата како најмалку бедни се Брунеи, Швајцарија, Кина, Тајван и Јапонија. Подобро рангирани од Македонија се Пакистан, Казахстан, Албанија, Бангладеш, Палестинските територии и други.
Слично

Поврзани вести