Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија побара помош од ЕУ поради бегалскиот поток

Македонија побара помош од ЕУ поради бегалскиот поток

Македонија, која е една од земјите во која транзитираат мигрантите, побара помош од Европската унија, за да се справи со приливот, откако почна да филтрира влез на мигранти на своја територија.

"Македонија не сака да станува тампон зона меѓу Грција и другите земји од ЕУ. Стравуваме дека мигрантите кои не бидат прифатени во Западна Европа ќе останат блокирани кај нас. Ние не можеме да се справиме со тоа сами, имаме потреба од помош на ЕУ ", рече премиерот Никола Груевски, кој е во посета на Будимпешта.

Од вчера Македонија, како и Србија, започна да филтрира мигрантите по националност и да ги враќа назад сите, освен Сиријци, Ирачани и Авганистанци.

Оваа мерка е од корист за целиот Балкан и за земјите од Централна Европа, рече македонскиот премиер. Според него, ситуацијата со мигрантите како целина во регионот ќе се промени, откако Македонија почна да ги избира.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој има цврст однос кон мигрантите, увери дека Унгарија ќе и ја обезбеди на Македонија бараната помош.

Слично

Поврзани вести