Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија по петти пат избира претседател

Македонија по петти пат избира претседател
Од полноќ и официјално започна изборниот молк за првиот круг од претседателските избори во Македонија што ќе се одржи в недела. Уште денеска гласа дијаспората, затворениците, болните и изнемоштените, како и раселените лица. Новиот шеф на државата ќе се избира меѓу четворица кандидати. За избран претседател на утрешното гласање ќе се смета кандидат доколку освои повеќе од половина од вкупниот број гласачи запишани во избирачкиот список. Доколку ниту еден од кандидатите не освои вакво мнозинство, најдобрите двајца за две недели ќе одат во втор круг, заедно со предвремените парламентарни избори. Во вториот круг ќе победи кандидатот кој освоил повеќе гласови, под услов на избори да излезат најмалку 40% од вкупното избирачко тело. Ако и во вториот круг ниту еден од кандидатите не го добие потребното мнозинство, целата постапка се повторува. Избраниот шеф на државата ќе треба да ја преземе функцијата по 12 мај. Во Македонија досега се одржани четири претседателски избори - во 1994, 1999, 2004 и 2009 година. Право на глас, според единствениот Избирачки список, на петтите избори за претседател имаат 1.779.572 избирачи. Гласањето ќе се спроведува на 3.480 избирачки места во Македонија и 34 во дијаспората. Претседателските избори ќе ги следат 8.325 домашни и 326 странски набљудувачи.
Слично

Поврзани вести