Македонија по индексот на конкурентност рангирана на 60 место
Македонија оваа година се искачи три позиции погоре на ранг листата на Светскиот економски форум по индекс на глобалната конкрентност за оваа година, од вкупно 140 рангирани земји.
Од овогодинешното рангирање вицеприемиерот Пешевски изрази задоволство поради контуираното подобрување на земјава во последните три години, каде е забележан скок од 20 позиции од 2007 досега.
Претставувајќи ги резултатите вицепремиерот констатираше подобрување во квалитет на целокупната инфраструктура, вклучувајќи ја и авиотранспортната, влијание на деловни прописи врз странски директни инвестиции, товар на царински процедури, сигурност на банките напоменувајќи дека зголемува конкурентноста ќе значи зголемување на платите, извозот, на сите макроекономски параметри, но и поодбрување на животот на граѓаните.
Најдобро подобрување е забележано во делот на иновациите каде бележиме скок од 14 позиции, и сме подобро рангирани од соседите Црна Гора, Хрватска, Албанија, Србија, БиХ.
„Резултатите во делот на иновациите се заслуга на интензивните заеднички активности со Националниот совет за претприемништво и конкурентност (НСПК)“ посочи Пешевски.
Пешевски вети дека Владата ќе продолжи со оваа определба да го задржи и подобри нивото на конкурентност, преку работењето на приватниот, јавниот и невладиниот сектор, на стопанските комори и образовните институции кои доставуваат предлози до Владата што потоа заеднички се разгледуваат и се преточуваат во конкретни решенија.
Глобалниот индекс на конкурентност е најпознат и најмногу користен индекс на конкурентбост на глобално ниво и значаен показател на глобалните позиции на една земја во светот.
