МАКЕДОНИЈА ПЕКОЛ ЗА РАБОТНИЦИ: Смртноста на работно место три пати повисока од ЕУ!
Пред пет дена загина работник работејќи во катната гаража „Солунски конгрес“. Овој случај е само еден од 40-тината смртни случаи на работници кои ни се случуваат секоја година.
Се повеќе работници се изложени на ризик а фирмите не водат доволно грижа за вработените . Ова е заклучокот кој пресметува дека животот на работникот вреди 100 евра ако се земе предвид фактот дека работодавецот треба да плати за негова безбедност и здравје при работа.
Во повеќето случаи работниците не се запознаени со проценката на ризик во фирмата, а процентот на работодавци кои ги информираат за ризикот на работно место е многу мал.
Најмногу изложен сектор на ризик е градежништвото.
Смртноста на работниците кај нас е три пати повисока од ЕУ просекот и е убедливо највисока во Европа.

Се бараат законски измени на Закон кој е десет пати
Групацијата за безбедност и здравје при работа на Стопанската комора бара измени во Законот за безбедност и здравје при работа.
Оттаму укажуваат на зголем број на смртни случаи на работно место и низа слабости во законот кој како што велат досега е менуван голем број пати.
„Бараме да се изменат и подзаконските акти, зашто сега се недоречени, несеопфатни и наместа конфузни. Потребна е и координација меѓу министерствата при дефинирање и доделување на ингеренции и носење на законска регулатива, како и на поголемо вклучување на сите учесници во безбедноста и здравјето при работа при носење на стратешки документи и законски решенија кои треба да бидат базирани на реалните состојби, а не на желби на поединци или групации“, истакна претседателот на групацијата Сашко Стојмановски.
Малкумина знаат дека повредата до пат е повреда на работа.
Мал дел од вработените во земјава знаат дека повредата што настанува на патот до работното место и оттаму до дома се третира како повреда при работа.
Ретки се работодавците кои на вистински начин ги информирале своите вработени за законската регулатива воопшто .
Од Гурпацијата за безбедност и здравје при работа објаснуваат дека кога на работник ќе му се случи повреда на патот до работа и од работа до дома, веднаш треба да пријави кај работодавецот за да си ги остварат правата што законски му следуваат.
Многумина досега Македонија ја окарактеризираа како пекол за работници.
