MAКЕДОНИЈА ОТПАЃА: Фолксваген ќе инвестира во Србија?
Денешната посета на српскиот претседател, Александар Вучиќ во седиштето на германскиот авто гигант Фолксваген ги зајакнува очекувањата дека ќе инвестираат во Србија, пишува Б92.
Одредени српски медиуми објавија дека Вучиќ разговарал со официјални лица на компанијата, но тоа официјално не е потврдено.
Вучиќ претходно го посети и музејот каде се изложени автомобили на компанијата.
За оваа инвестиција заинтересирани се повеќе земји од регионот. Според податоци кои се достапни на интернет од 2003 година, Фолксваген годишно произведува 9.3 милиони единици.
Слично
