Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија останува во зоната на солиден раст

Македонија останува во зоната на солиден раст

Народна банка оцени дека последниот квартал на минатата година упатува на опстанок на економијата на земјата во солиден раст.

НБМ ја задржа проекцијата на раст во 2015 од 3,2 одсто.

Како што се наведува во соопштението на Советот на НБМ, бруто домашниот производ во третиот квартал на 2015 остварил годишен раст од 3,5 одсто, што е во согласност со октомвриските проекции, иако стапката на раст е малку повисока од очекуваната.

Проектираниот раст на БДП во 2016 и 2017 изнесува 3,5 и  четири одсто, при што, според централнбата банка, се очекува да главниот носител на растот бидат извозниот сектор и инвестициите, кои ќе дадат позитивен преносен ефект на пазарот на труд и додатно ќе ја поттикнат потрошувачката на домаќинствата.

Слично

Поврзани вести