Економија, финансии, бизнис

Контакт

Mакедонија очекува скромен економски раст

Mакедонија очекува скромен економски раст

Скромен економски раст ќе има Македонија годинава. 

Според прогнозите на Европската комисија за движењата на македонската економија, ќе имаме раст од два проценти годинава, а идната 2024 година тој ќе изнесува 3,1 отсто.  Во рамките на пролетната економска прогноза е наведено дека по делумното закрепнување од рецесијата предизвикана од Ковид-пандемијата, годишниот раст на БДП забави од 3,9 проценти во 2021 на 2,1 процент во 2022 година.

Врз економијата се одразиле намалената надворешна побарувачка, прекините во глобалните синџири на снабдување и растот на глобалните цени на храната и енергијата. Негативните надворешни влијанија се очекува да се намалат. Дефицитот на тековната сметка минатата година значително се зголемил поради наглиот раст на цените на енергијата и зависноста од увоз. Значителното зголемување во приватните трансфери и суфицитот во услужната дејност, потпомогнат од закрепнувањето на туризмот, делумно го компензирале влошувањето во трговијата со енергија.

Народната банка за оваа година проектира економски раст од 2,1 oтсто, а просечната инфлација ќе биде во интеврал од 8 до 9 отсто. 

foto freepik.com/creativeart

Слично

Поврзани вести