Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија не знае што да прави со огромен број конфискувани возила

Македонија не знае што да прави со огромен број конфискувани возила

Македонија нема правни инструменти како експресно да се ослободи од конфискувани возила, а паркинзите во Идризово, Миладиновци во Шумска полиција се преполни со одземени автомобили, чиј број е околу 6.000.

Македонија е преплавена со конфискувани возила, но Агенцијата за управување со конфискуван и одземен имот не може да постапува и да ги додели на државна институција или да ги понуди на аукција затоа што нивната правосилност е заглавена во бавните судски процеси, ова го рече Фатон Асани, директорот на Агенцијата за управување со конфискуван имот, на Годишната регионална конференција за најдобри практики во сферата на конфискацијата и управувањето со одземен имот во организација на Балканската интерагенциска мрежа за управување со одземен имот (БАМИН), што се одржува денеска во Скопје.

- Агенцијата континуирано работи на проблематиката, има конфискации и очекуваме поголеми. Како Агенција чекаме на судовите, откако ќе добиеме правосилни решенија постапуваме. Континуирано се конфискува, моментно имаме голем проблем со возила, цела Македонија е преплавена со нив. Во Идризово и Миладиновци има 3.500 автомобили, 2.500 во Шумска полиција, полициските станици ги затекнавме преполни со такви автомобили - изјави денеска Асани.

Во Македонија, но и во другите држави, дополни, судксите процеси траат долго, четири до пет години, и затоа судовите треба да работат поажурно.


Слично

Поврзани вести