Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија не треба да очекува изненадувања од самитот на НАТО

Македонија не треба да очекува изненадувања од самитот на НАТО
Претстојниот самит на НАТО во Велика Британија, кој започнува неделава, нема да донесе изненадувања по прашањето за Македонија, смета шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер. На форум со граѓани во германското МНР, тој истакна дека не очекува голем исчекор во однос на приемот на Македонија во Алијансата. „Не сум во состојба сега да прогнозирам што уште се’ тековнава седмица ќе донесе. Имајќи го предвид развојот на конфликтот меѓу Русија и Украина, би бил задоволен кога би имам преглед на случувањата во наредниот половина ден. Би можел да кажам дека овој НАТО-самит го подготвивме колку што беше возможно. Ќе се одлучува за многу неопходни работи што се однесуваат на Балтичките држави. Што се однесува до проширувањето, доколку се погледне во документите, се гледа дека има различен напредок кај различните партнери од Западен Балкан. Во моментов, во однос на ова, не гледам дека ќе има големи изненадувања“, одговорил тој на прашањето на Дојче веле. Ситуацијата во Украина и односите со Русија се очекува да бидат во фокусот на средбата во Велс.
Слично

Поврзани вести