Македонија не се откажува од НАТО-услов политичката криза да се реши
Уште еден услов за Македонија и членството во НАТО.
Да се реши политичката криза, па дури тогаш може да размислува за придружување кон Алијансата, се дел од пораките кои беа упатени на денешниот безбедносен форум „Одлуките од Самитот на НАТО импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“.
Американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли истакна дека НАТО е заедница на земји кои промовираат демократски вредности, слобода на медиуми и владеење на правото, не е само одбрамбена структура.
Затоа пораки до земјава сериозно да се зафати со решавање на политичката криза.
Министерството за одбрана порача пак дека Македонија ќе продолжи со реформите во армијата и во одбрамбениот сектор а воедно ќе продолжи да соработува со останатите земји членки на НАТО како во заеднички воени вежби така и во мисите на алијансата на Обединетите нации и ЕУ истакна Јолевски на безбедносниот форум „Одлуките од Самитот на НАТО импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан.
„НАТО е заедништво на демократските вредности, владењње ма правото на законот и демократска слобода тоа е клучот на алијансата во таа смисла е и поентата важно е Македонија да продолжи со реформите“, истакна Јолевски .
На НАТО самитот во Варшава Алијансата ја повтори поканата за членството на Македонија но сe постави уште едeн услов а тоа е разрешување на политичката ситуација во земјата.
Дел од овој форум беа претставниците на алумни асоцијациите на Џорџ Маршал центарот од земјите на Западен Балкан, истакнати професори аналитичари и експерти од регионот и пошироко.
