Македонија не сака бегалски кампови на своја територија
На територијата на Република Македонија нема да има ниту привремени центри, ниту кампови за мигранти и бегалци, соопштуваат извори од Министерство за надворешни работи.
Властите немаат намера да ја затвораат границата, но ќе продолжат со затегнатата контрола на мигрантите. Извори неофицијално потврдија дека имало притисок врз властите во Скопје да создадат услови за прием на 50 000 мигранти.
Во најскоро време се очекува и распределбата на првата помош, која Брисел ја вети за Македонија во износ од 10 милиони евра.
Потсетуваме дека од почетокот на годината од Грција во нашата земја пристигнале над 85 000 мигранти. Сите тие доаѓаат организирано со автобуси до Гевгелија. Само во вчерашниот ден во Идомени, недалеку од границата со Македонија, беа паркирани 55 автобуси со мигранти, а во моментов таму се заглавени околу 2000 мигранти.
