Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија не доби датум за преговори,но продолжува по европскиот пат

Македонија не доби датум за преговори,но продолжува по европскиот пат
Македонија не доби датум за преговори од Брисел, европратеникoт и известувач за Македонија Ричард Ховит е незадоволен од одлуката, Секретаријатот за европски прашања пак го поздрави заклучокот на Советот на ЕУ и вети дека ќе продолжи со евроинтегративниот процес. Според Ховит, сега за земјава е потребен напредок во евроинтеграциите, а не само пофалби за реформите. „Меѓутоа, земјите членки сега ги нотираа областите каде треба да се постигне напредок, и ги повикувам сите во земјата да се соочат со овие предизвици, и 2014 година да не биде уште една изгубена година за амбициите во евроинтеграциите“, побара Ховит. Секретаријатот за европски прашања жали за одлуката со која не е дозволено започнување на преговори по петти пат бидејќи не бил постигнат консензус од страна на сите земји членки. Советот наведува дека ќе продолжи да ги решава идентификуваните реформи, вклучувајќи и спроведувањето на политичкиот договор од први март и отворените прашања со соседите. „Иако не е замена за започнување на преговорите, пристапниот дијалог на Високо Ниво (ХЛАД) е важна платформа за Македонија да продолжи во нејзиниот пат кон европската интеграција. Владата на Република Македонија ја предвидува работата што претстои, го поздравува финансискиот ангажман на ЕУ во Македонија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за 2014-2020 и се заложува за евро-интегративната агенда и добрите меѓусоседски и меѓуетнички односи артикулирани во заклучоците на Советот“, смета Фатмир Бесими, вицепремиерот задолжен за европски прашања. Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ вчера одлучи дека прашањето за Македонија повторно ќе се разгледа идната година.
Слично

Поврзани вести