Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија и Италија

Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија и Италија

Во првите шест месеци од 2016, Македонија на полето на трговијата најмногу тргувала со Германија, Грција, Србија и Италија, но и Велика Британија.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека земјава во јануари до јуни годинава извезла стоки во вредност од 125 722 828 илјади денари.

Според тие податоци извозот забележал раст од  3.9% во однос на истиот период лани.

Што се однесува до трговксиот дефицит во првото полугодие од годинава тој изнесува 53 910 215 илјади денари, а покриеноста на увозот со извозот изнесува 70.0%.

Од Македонија најмногу се извезувале катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката.

Додека пак на страната на увозот Македонија најмногу се концентрирала на платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Слично

Поврзани вести