Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија најдобри резултати во секторот транспорт и врски постигна во 2014 година

Македонија најдобри резултати во секторот транспорт и врски постигна во 2014 година
Изминатава 2014 година Република Македонија забележа 120 конкретни и голем број потпроекти во секторот за транспорт и врски што ја прави најуспешна година во овој ресор од осамостојувањето на земјава, истакна Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески „Минатата година ќе остане историска за Р.Македонија. 2014 година ја посветивме на големи проекти како во патната така и во железничката инфраструктура. Воведовме нови авионски линии до европски дестинации, реализиравме голем број проекти во комуналната сфера, обезбедивме бесплатна изработка на геодетски елаборати за ранливите категории на луѓе, ја започнавем гасификацијата на нашата земја, за прв пат воведовме бродска линија кон Р.Албанија , започнавме со уредување на плажи на Дојранското, Преспанското и завршивме со идејни плажи за Охридското езеро и уште многу други проекти“, рече Јанакиески. Тој нагласи дека во делот на патната инфраструктура виле направени 104 километри нова автопатска мрежа. Според него, автопатот „Мајка Тереза“, кој води од Кичево до Охрид и е долг 57 километри претставува најголема инвестиција во последните 50 години. Министреот рече дека во соработка со ЈП за државни патишта започнала   рехабилитацијата на делницата од Велес до Катланово со должина од 23,5 километи и инвестиција од 5,5 милиони евра. „Во 2014 е потпишан договор со ЕБОР за финансирање на изградба на уште четири нови патни правци и тоа Градско -Прилеп,  Штип Кочани, Охрид -Пештани и Требениште -Струга, а започна и третата фаза од проектот рехабилитација на 13 мостови на Коридор 10 инвестиција вредна 8,6 милиони евра, проект кој се реализира во соработка со НАТО“, рече Јанакиески. Министерот истакна и дека во ноември бил потпишан договор со труската команија Аселсан за воведување на електронски систем за наплата на патната такса како и проширување на патарините долж Коридорот 10. „Продолживме со транспаретна распрделба на ЦЕМТ дозволите и автобуските линии, обезбедивме уште 2900 дополнителни транспортни дозволи. За прв пат и први во РМ воведовме елктронски испит за полагање за сертификат за превоз во меѓународниот сообраќај“, посочи Јанакиески. Најкрупните проекти според Јанакиески се започнати во железничката инфраструктура и тие подразбираат компалетно поврзување со железничка линија на земјава кон Албанија и Бугарија. „Во март започна изградбата на пругата од Куманово до Бељаковце, првата од трите делници за железничкото поврзување кон Бугарија. За втората делница од Бељаковце до Крива Паланка лани обезбедивме заем од ЕБОР од 145 милиони евра. За последната делница  до Крива Паланка до границата со Бугарија, распишавме јавен повик за избор на консултатнт кој ќе го изработи проектот“, истакна министерот за транспорт и врски. Во 2014 започна проектирањето на пруга од Кичево до граница со Р. Албанија  со должина од 63 километри, а во декември беше поптишан договор за реконструкција и на пругата од Битола до граница со Грција. „2014 –та година ќе ја одбележиме и во знакот на милиониитот патник, односно за прв пат бројката на патници кои поминаа низ македонските аеродроми ги надмина нашите прокеции од 1 милион патници. Вкупно минатата година низ двата аеродорми поминаа 1 милион и 270 илјади патници. Минатата година започнавме и постапка за избор на национален авиопревозник, предизвик на кој ќе продолжиме да работиме и во оваа година“, рече Јанакиески.
Слично

Поврзани вести