Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија на средина на листата според индексот на корупција

Македонија на средина на листата според индексот на корупција
Македонија е на 69 место според индексот на перцепција на корупцијата во денеска објавениот Извештај на Транспаренси интернешенл (ТИ) за 2012 година. Пред Македонија, од земјите од регионот се најдоа Словенија на 37. место и Хрватска, која  е на 62. позиција. Зад Македонија, пак, се Босна и Херцеговина на 72. место, Бугарија на 75, Србија на 80, Грција на 94,  Косово на 105 и Албанија на 113 место. Од рангирани 176 држави, според ТИ, најмалку коруцпија има во Нов Зеланд, Данска и Финска. Овие три земји се првите места благодарение на добриот пристап до информации и на правилата кои го определуваат поведението на државните службеници. Исто како и лани, најкорумпирани држави во светот се Северна Кореја, Сомалија и Авганистан. Во годишниот извештај на Меѓународната организација „Транспарентност“, корупцијата и натаму се доживува како разурнувачка активност на општеството.   „Транспарентност“ изготвува индекс за перцепцијата на корупцијата. Оваа година е употребена нова скала од 0 до 100. Максимум поени добиваат земјите каде чувството за корупција е најмало, додека оние најкорумпираните добиваат 0 бодови. Во извештај на ТИ за 2012 година, две третини од вкупно 176 земји, се со индекси под 50. Тоа значи дека државните институции треба да бидат потранспарентни, а од влијателните државни службеници треба да се бара поголема одговорност. Податоците за корумпираноста ги собирале набљудувачи на ТИ и локалните експерти.
Слично

Поврзани вести