Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија на 63-то место според конкурентност на пазарот

Македонија на 63-то место според конкурентност на пазарот
Новото истражување на Асоцијацијата на балкански комори, ја рангираше Македонија на 63-то место според нивото на конкурентност на светските пазари. Конкурентноста е мерена врз основа на 114 фактори, меѓу кои се вклучени бруто-домашниот производ по глава на жител, стапката на невработеност и извозот на минерални добра. Според извештајот на Асоцијацијата, од рангираните 144 земји, во регионот пред нас се Бугарија, Кипар, Романија и Турција, а под нивото на конкурентност се Грција, Босна и Херзеговина, Црна Гора, Србија и Албанија. Податоците покажуваат дека Македонија е меѓу најсиромашните земји со БДП по жител од околу 4.900 долари и стапка на невработеност од 27,9 отсто. Од Стопанската комора на Македонија, како главни барања кои ги посочија бизнисмените оваа година за зголемување на конкурентноста се поголеми инвестиции во патната и железничката инфраструктура, зголемување на протокот на стоки преку царински и административни олеснувања и воведување нови производи со поголема додадена вредност. (И.К)
Слично

Поврзани вести