Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија на 21-во место по невработеност во светот

Македонија на 21-во место по невработеност во светот
Со стапка на невработеност од 31,4% Македонија се наоѓа на 21-во место во конкуренција од 199 земји, покажува ранг листата на Индекс Мунди. На прво место по невработеност е Зимбабве со стапка од 95%,  Наури  90% и Либерија каде што без работа се 85% од работоспособното население. Најдобро на листата котира Монако со 0% невработени,  Катар со 0,4 % и Тајланд со стапка од 0,7 % лица без работа. Од земјите во регионот полошо од нас котираат само Косово, на 11-та позиција, со стапка на невработеност од 45,3 % и Босна и Херцеговина на 13-то место со 43,3% невработени лица. Останатите држави на Балканот се далеку подобри од нас. Србија го зазема 30-то место со стапка од 23,4 %, Хрватска со 17,7 %  е 44-та,  Словенија со 11,8%  77-ма, додека Црна Гора се најде на 79-та позиција со стапка на невработеност од 11,5%. Во Грција и покрај економската криза стапката на невработеност е17,3% со што се најде на 45-то место на листата . Ранг листата на Индекс Мунди е правена врз основа на статистичките податоци од повеќе релевантни институции како Евростат, Меѓународната организација на трудот, Светска банка и статистиките на секоја држава поединечно.
Слично

Поврзани вести