Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија на 11-то место по сиромаштија во светот

Македонија на 11-то место по сиромаштија во светот
Македонија е на 11-тото место по сиромаштија во светот според индексот за 2013 година на вашингтонскиот Кејто Институт. Со индекс од 35,7 земјава е 11-та од вкупно 90 рангирани земји, а најголем фактор кој придонесува за мизеријата на македонските граѓани е високата невработеност. На трето место на листата е Србија, со индекс 44,8, веднаш зад Венецуела (79,4) и Иран (61,6). Грција со индекс 36,4 е во малку полоша позиција од Македонија, едно место погоре на листата на сиромаштија. Сите останати земји во регионот се подобро позиционирани од Македонија - Хрватска на 15-тото место, со индекс 30,5, Словенија (20,8) на 32, Унгарија (14,3) на 53 место. Босна и Херцеговина и Црна Гора не се рангирани. Институтот Кејто во истражувањето опфаќа 90 држави, а индексот на сиромаштија го пресметува врз основа на стапката на инфлација, каматните стапки, стапката на невработеност и стапката на раст на БДП. Кај речиси сите земји најголем фактор е невработеноста. Со индекс на мизерија од само 5,41 Јапонија е најдобро пласирана, на дното на листата, со најниско ниво на сиромаштија.  
Слично

Поврзани вести