Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија можна алтернатива за „Јужен тек“

Македонија можна алтернатива за „Јужен тек“
Рускиот претседател, Владимир Путин, истакна дека Грција и Македонија се можни алтернативи за Бугарија за изградба на трасата за достава на гас во Европа откако петходно се откажа од идејата рускиот гас да го спроведе преку Црното Море во Бугарија, од каде беше планирано да продолжи за Србија и Унгарија, до Австрија. „Одлуката главно ќе зависи од нашите европски партнери. Дали сакаат стабилно, загарантирано и апсолутно транспарентно снабдување со енергенси од Русија, кои им се апсолутно неопходни, и тоа без ризици при транспорот. Ако сакаат, одлично! Можеме да почнеме да работиме на гасовод до Македонија, преку Грција, кој ќе продолжува кон Србија и ќе оди до Баумгартен во Австрија. Ако не го сакаат, тогаш нема да го градиме. Но, факт е дека нема поевтин и посигурен снабдувач од Русија, и во блиска иднина нема ниту да има“ изјави Путин на прашањето како понатаму ќе се развиваат руските проекти за извоз на природен гас. Европската Унија, која со години поставуваше голем број законски и регулаторни обврски кои го попречија проектот Јужен Поток, се уште бара дополителни појаснувања од Русија за најавата на претседателот Путин дека се откажува од овој проект. Во меѓувреме и Владата во Бугарија се изјасни дека не е против изградбата на гасоводот, кој требаше да и донесе стотици милиони евра само за транзит, преку нејзина територија. Според претходниот план за проектот Јужен Поток Македонија требаше да добие помала, снабдувачка линија која би била доволна за потребите на македонските домаќинства и за развој на индустриските гранки кои бараат големо количество на ефтини енергенси.  
Слично

Поврзани вести