Македонија може да остане без препорака ако нема политички договор
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во денешнот интервју за РСЕ вели дека доколку не се имплементира договорот од Пржино во целост, и ако нема политички договор тогаш веројатноста Македонија да ја изгуби препораката за членство во ЕУ е голема.
Бесими во интервјуто истакнува дека новиот извештај за напредокот на Македонија кон Европската унија е патоказ за движењето на Македонија кон ЕУ.
Ја потенцира важноста на политичкиот договор постигнат на 2 јуни и последователните протоколи, за испочитување на истиот договор, да се исполнуваат целосно, а во исто време е и пакетот на итните реформски приоритети за да може извештајот да биде пасош на Македонија кој ќе донесе препорака или треба да носи препорака и за натамошно приближување кон започнување и отворање на преговори на Република Македонија за членство во Европска унија.
Целото интервју е на овој линк.
