Македонија може да ги затвори границите за мигрантите
Ако дојде до прекин на бегалскиот коридор и затворање на границите, Македонија ќе биде принудена да прифати адекватни мерки за да се заштити националната безбедност. Тоа го изјавил министерот за внатрешни работи Митко Чавков за време на средбата со претседателот на земјата Ѓорге Иванов.
Според Чавков „Република Македонија како транзитна територија на Балканската миграција е коридор кој се соочува со последиците од однесувањето на земјите-членки на ЕУ“. „Од една страна имаме држава-членка на ЕУ, која организирано ги испраќа мигрантите кон нашата јужна граница и од друга страна има земји-членки на ЕУ, кои го спречуваат движењето на мигрантите во насока на посакуваната нивна држава во ЕУ“, изјавил Чавков.
Дополнителни предизвици се промената на времето и претстојните избори во земјата, со што полицијата ќе биде ангажирана со гарантирањето на изборниот процес во земјата, истакнал уште министер за надворешни работи.
Во последните неколку дена низ територијата на Македонија секој ден од Грција пристигнуваат помеѓу 6 и 7.000 лица. Од информациите и анализите кои ги добиваме овој бегалски бран ќе се зголеми во наредните месеци, се вели во соопштението од кабинетот на македонскиот претседател.
