Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија мора да спроведе фер избори

Македонија мора да спроведе фер избори
Во Европскиот парламент во Стразбур, синоќа најголемиот број од европратениците се заложија за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, условени со реализирање на демократски и фер избори. Во говорите по резолуцијата на Иво Вајгл, изработена според извештајот на Европската комисија за Македонија во 2015 година, следеше  констатацијата дека Македонија мора да излезе од политичката криза, со почитување на договореното заедно со европските посредници. Акцент беше ставен и на демократијата, корупцијата, медиумите, одливот на кадри и други проблеми со кои се соочува земјата. Европскиот парламент денеска напладне треба да гласа за резолуцијата за напредокот на Македонија, подготвена од Вајгл, како и за предложените 17 компромисни амандмани на документот.
Слично

Поврзани вести